Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денеска па во следните 10-тина дена биде на подготовки во Радинци, Словенија. Црвени-црните денеска пристигнаа во нивната нова база и не губеа време, веќе го одработија првиот тренинг.
Во стручниот штаб на клубот се приклучи и Драган Начевски како асистент тренер и Антонио Бошевски како кондиционен тренер.
На денешниот тренинг работеа речиси сите фудбалери. Недостасуваа само Мато, Данел и Фаустин кои се очекува деновиве да пристигнат и да почнат со работа во тимот кој прво се подготвува за европскиот предизвик во Конференциската лига на УЕФА.