Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, постигна гол на Африканскиот куп на нациите. Мато, кој го носи дресот на Уганда, постигна погодок во дуелот со фавортитот Нигерија, но тој не беше доволен да се избегне поразот.
Нигерија водеше со 3:0, Уганда беше со играч помалку, а Мато погоди за 1:3 во 75-тата минута, и тоа по една одлична акција која може да ја видите ТУКА.

