3.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Вардаровите легенди се потсетија на победата над Динамо Букурешт и првиот европски успех (Фото)

Точно пред 40 години, на втори октомври 1985 година, првпат македонска екипа успеа да мине едно коло во европските фудбалски купови. Вардар на преполниот „Градски стадион“ во Скопје славеше со 1-0 над Динамо Букурешт со голот на Гордан Здравков во 46-тата минута, а тоа беше доволно да се надополни негативата од 2-1 од првиот меч.

Токму овој меч беше повод вардаровите легенди да организираат собир и да се присетат на натпреварот кој се одигра точно пред 40 години. За Вардар на тој натпревар настапија голманот Грошев, потоа Јовановски, Симовски, Канатларовски, Сетинов, Јаневски, Здравков, Урошевиќ, Панчев, Савевски и Рингов, а од клупата за резерви влегоа Најдоски и Горачинов. Таа сезона „црвено-црните“ од клупата беа предводени од Вукашин Вишњевац.

Вардар во следното коло беше елиминиран од шкотскиот Данди јунајтед со гостински пораз од 2-0 и домашно реми, 1-1, а Македонија чекаше цели десет години за некоја наша екипа повторно да мине коло во европските купови. Тоа повторно беше Вардар и тоа летото 1995 година.

Во продолжение неколку фотографии од натпреварот Вардар – Динамо Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести