Албанија стигна до првата победа во квалификациите за Европското првенство 2024 година откако со 2:0 во Тирана беше подобра од Молдавија. Немаше голови се до 52 минута, кога Јасир Асани постигна прекрасен погодок за водство на Албанија од 1:0.
Асани е добро познат фудбалер на македонската јавност. Роден во Скопје, тој ја започна кариерата во Вардар. Четири години помина во школата на Црвено-црните, а потоа три сезони играше во Прва лига за најтрофејниот македонски клуб. Одигра и четири меча за младинската репрезентација на Македонија, но потоа реши дека сака да го смени националниот тим и заигра за младата селекција на Албанија во 2016 година.
До оваа година, Асани чекаше повик за сениорскиот тим на Албанија и конечно го доби, а сега возврати со прекрасен гол.