Вардарци имаат рецепт за победа над Рајн-Некар Левен: Побавната игра треба да внесе нервоза и нетрпеливост кај противникот

Ракометарите на Вардар викендов, в сабота, ја започнуваат новата сезона, со првиот квалификациски натпревар за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Црвено-црните го добија најтешкиот можен противник, германскиот Рајн Некар Левен, но и покрај тоа што играат против поранешниот германски шампион, ракометарите имаат рецепт за победа.

„Го гледав мечот меѓу Рајн-Некар Левен и Кил и можам само убави работи да кажам за нашиот противник. Постојано трчаат, динамични се и ми се допадна нивната игра против Кил. Нашата шанса ја гледам во брзото враќање во одбрана како и да ги оневозможиме да го наметнат својот ритам. Треба да одиграме побавно и така да ги направиме нервозни“, смета крилото на Вардар, Гоце Георгиевски.

- Оглас -

Најнови вести