Фудбалерите на Вардар по прес-конференцијата, го одржаа и тренингот на стадионот во Лозана и се запознаа со условите кои ги чекаат утревечер на реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Во тимот на Гоце Седлоски се оптимисти дека може да се мине швајцарската пречка, но сите се и свесни дека задачата воопшто нема да биде едноставна, туку ќе треба да се води голема борба против Лозана, која е фаворит на хартија. Голем плус за Вардар е што ќе игра капитенот Закариќ.

