Вардарци ќе добијат богати премии за титула, двојна круна и елиминација на тимот од Сан Марино

Фудбалскиот клуб Вардар обелодени колкави ќе бидат премиите доколку се остварат амбициите за освојување на трофеите на домашна сцена и пласман во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

„На состанокот утрово одржан во Раденци помеѓу извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски од една страна, и шефот на стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено премијата на екипата за освојување на шампионската титула за следната сезона 2025/26 да биде 250.000 евра. Двојната круна ќе донесе премија за фудбалерите и стручниот штаб од вкупно 350.000 евра. Премијата за елиминација на противникот од Сан Марино во Конференциската лига ќе биде 50.000 евра“, објавија официјално Црвено-црните на својот сајт.

- Оглас -

Најнови вести