Вардар на „Филип Втори“ го совлада соседот Работнички со 2-0 и продолжува да врши притисок врз Академија Пандев во трката за второто место на табелата во првата македонска фудбалска лига. Матеј Цветановски рано го отвори резултатот, а Хуан Фелипе со убав гол во 55-тата минута потврди дека денеска „црвено-црните“ се порасположени од „романтичарите“.
Најголема драма во денешните мечеви од 24 коло имаше на Чаир, каде што гостите од Ѓорче Петров освоија три бода, со убав гол на Боби Божиновски во 87-мата минута, и го изненадија тимот кој на свој терен имаше серија од десет натпревари без пораз.
РЕЗУЛТАТИ, 24-ТО КОЛО: Работнички – Вардар 0-2 (стрелци Цветановски 6, Фелипе 55 минута), Ренова – Беласица 3-2 (Миовски 8, Рамадани 21, Усеини 75 – Мирчевски 31, Савиќ 90), Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 0-1 (Божиновски 87), Силекс – Шкендија 0-3 (Миленковски автогол 25, Ибраими 66, Муслиу 87). Мечот Победа – Академија Пандев се игра на 1 мај.
ТАБЕЛА: Шкендија 53 бода, Вардар 45, Академија Пандев 42 (еден меч помалку), Шкупи 33, Ренова 33, Работнички 31, Македонија ЃП 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18.