24.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

Вардарци отпатуваа на подготовки во Анталија

Вардар го префрлува својот тренинг камп во Анталија, каде што тимот ќе се подготвува за вториот дел од сезоната во наредните три недели.

Црвено-црните денеска заминаа за Турција од скопскиот аеродром. Во Анталија, тренерот Гоце Седлоски ќе работи на подигнување на формата на тимот, воигрување на изменетиот состав и градење тимска хемија.

Во пролетниот дел од сезоната, Вардар ќе се бори за опстанок во Првата фудбалска лига. Тимот ја заврши есенската полусезона на претпоследното место со 13 бодови, еден повеќе од Воска Спорт и исто колку и Беса.

- Оглас -

Најнови вести