Вардарци победија на силната контрола во Охрид

Вардар 1961 триумфираше со 33-29 (полувреме 15-10) над ГРК Охрид како гостин на последниот контролен натпревар за двата тима пред продолжението на сезоната во ракометната Суперлига.

Вардарци уште во првото полувреме направија убава предност во салата „Билјанини извори“, а тренерот Милано им даде шанса на сите ракометари.

В сабота Вардар гостува кај Пролет, а охриѓани ќе гостуваат во Велес кај Борец ФЛ. И вардарци и Охрид како тимови кои имаат обезбедено плеј-оф, се големи фаворити на овие мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести