Вардар 1961 го надигра и совлада Мотор Запорожје со 32-27 во дуел од ракометната СЕХА лига. Оваа победа на македонскиот претставник е пониска од таа на Мотор против Вардар на првиот меѓусебен меч, па за вардарци останува да се борат со Нексе за второто место во групата.
Анте Гаџа со 8 гола беше прв стрелец кај скопскиот тим, а крилата Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров имаа по 6 реализации. Стојанче Стоилов даде 4, а Иван Чупиќ три гола. Голманите Ристовски и Кизиќ имаа по 4 одбрани. Следен меч за Вардар 1961 во СЕХА е гостувањето кај Војводина.