И во четвртиот настап на контролите во Турција, екипата на Вардар претрпе пораз, овојпат од бугарскиот тим Черно Море од Варна. „Морнарите“ беа подобри со 2-0. Стрелци на головите беа странците Ндонгала во 37-мата и Фенуш во 74-тата минута.
За Вардар стартери биле: Илиќ, Младеновски, Ѓуровски, Наумчевски, Џо, Димовски, Велковски, Брдаровски, Игнатов, Омерагиќ, Aндоновски. Од ова може да се заклучи дека Вардарци им дале шанса на младите (само голманот Илиќ и Брдаровски имаат над 20 години).
Тимот на тренерот Васоски има четири порази на четири контроли за време на зимските подготовки на турското крајбрежје. Следниот меч е закажан за задутре.