5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Вардарци со пенал во 100-та минута го победија Силекс и се вратија на врвот на табелата

Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари триумф (2-1) над Силекс во последниот меч од 11-тото коло од Првата фудбалска лига. Со тоа Црвено-црните повторно се на врвот на табелата со 27 бода, еден повеќе од Струга ТЛ и три позитива во однос на Шкендија.

Дербито почна со отворена игра од двете страни. Првата шанса ја имаше Дарко Додев, но немаше сериозен ефект, но затоа Азер Омерагиќ погоди на спротивната страна. Во деветтата минута, излезе сам пред противничкиот голман и успеа да го совлада.

Сепак, Силекс возврати само пет минути подоцна. Хрвановиќ ја реализираше шансата што ја подготви Пиреш и донесе израмнување за кратовци, 1-1.

Мато во 17-тата минута имаше нова шанса, но на гол-линијата спаси Донов.

Потоа мечот доби и тактички дел, Вардар напаѓаше за ново водство, а Силекс чекаше грешка на противникот. Шанси имаше, но без ефект.

Во второто полувреме, Вардар имаше и бројна предност на теренот, откако во 84-тата минута беше исклучен голманот на Силекс, Љупче Џеков, по фаул што го направи надвор од шеснаесетникот над Спахиу.

Во последните мигови од судиското продолжение, судијата Бафто досуди пенал за Вардар откако Ефтимов играше со рака во шеснаесетникот.

Роџерс Мато беше успешен реализатор на најстрогата казна за конечни 2-1 и триумф на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести