11.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Вардарци со селфи го прославија триумфот над Шкендија

Најтрофејниот македонски клуб Вардар конечно го совлада големиот ривал Шкендија, и тоа на гости во Тетово со минимални 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Давид Бабунски, кој реализираше пенал во 49-тата минута.

Вардарци одиграа храбро и пожртвувано, не подлегнувајќи на домашниот притисок. Момците на Гоце Седлоски заслужуваат големи честитки за дисциплината и борбеноста, а по мечот ја прославија победата со традиционалното победничко селфи.

Со овие три бода, Вардар се искачи на првата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига, испраќајќи јасна порака дека ќе се бори за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести