Ракометниот клуб Вардар потпиша нов договор со голманот Васил Гогов и тој ќе остане член на Црвено-црните најмалку до јуни 2027 година.
Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но во клуб се задоволни од настапите на Гогов и му понудија продолжување на соработката, која тој ја прифати.
Гогов од 2019 година е дел од Вардар, а со своите одбрани сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона имаше поголема минутажа, која ја оправдува со добри настапи.
„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес,“ соопштија од клубот.