20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Вардарци за мечот со Нексе се подготвуваат со смешната „топка пластика“ (Видео)

Ракометарите на Вардар 1961 се подготвуваат за дуелот со Нексе од четвртфиналето во СЕХА лигата, Црвено-црните ќе бранат минимална предност од 31-30 од првиот меч во Загреб.

Го нема капитенот и пикер Стојанче Стоилов, кој има коронавирус, а атмосферата на тренинзите е работна, тимот на тренерот Стевче Алушовски на денешниот тренинг играше „топка пластика“ што е некаква комбинација на ракомет и одбојка, и тоа со топка која многу неправилно се движи и се контролира потешко отколку класична тркалезна топка.

На мечот со Нексе, нема да има публика, ограничен ќе биде бројот на новинари и фоторепортери на кои ќе им се мери температура при влезот, но би требало Вардар 1961 да успее да го победи Нексе и да ја продолжи серијата секоја сезона да биде учесник на Фајнал-фор турнирот во СЕХА. Досега пласман на Ф4 имаат обезбедено ППД Загреб и Мешков Брест.

На Фејсбук страницата на клубот беше објавено видео на кое се гледа што е тоа „топка пластика“ што го тренира тимот. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести