Екипата на Вардар 1961 претрпе пораз од 35-40 на гостувањето кај Бенфика во првото коло од втората фаза во Европската лига на ЕХФ.
Вардарци добро почнаа, поведоа со 7-4 во седма минута, но потоа почнаа да примаат голови во секој напад на португалскиот тим кој во оваа фаза влезе без бод, а сега се изедначи со најтрофејниот македонски клуб.
Во првото полувреме Орлите од Лисабон постигнаа дури 24 голови и на пауза заминаа со позитива од дури осум голови, што беше екстремно тешко да се надомести во вториот дел. Целта беше да се ублажи поразот, секој гол може да биде важен во битката за осминафиналето.
Хориха со 9 и Тузолана со 8 голови беа најефикасни кај Вардар.
Во следното коло Вардар игра дома со силниот германски тим Мелсунген кој е фаворит за директен пласман во четвртфиналето на второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

