Вардарци заглавени во Порто поради мерките во Германија, неизвесно гостувањето кај ПСЖ

Лајпциг и Ливерпул не може да играат во Германија, па веројатно ќе се сретнат во Будимпешта, Волфсбергер и Тотенхем можеби ќе играат во Москва, неизвесни се дуелите на ракометарите на Вардар 1961 и Металург против француските екипи. Ова се само дел од проблемите кои ги донесоа антиковид мерките во Германија и Франција кои се однесуваат на патувањата во нивните земји.

Ракометарите на Вардар 1961 уште не отпатувале од Порто за Франкфурт и не знаат како ќе се вратат во Скопје. Им било кажано дека ако слетаат во Франкфурт, ќе мора да одат во карантин во Германија, што е неприфатливо. Проблемот е што такво нешто не им било кажано кога од Софија полетале за Франкфурт во средата.

Враќањето треба да биде што побрзо бидејќи веќе во вторник во Париз треба да играат со ПСЖ, а в четврток гостуваат кај Фленсбург во Германија. Постои можност дуелот во Франција, па и тој во Германија да бидат одложени, што ќе донесе нови проблеми околу календарот на вардарци кој и онака не им беше во прилог.

Вчера е донесена одлука преку Германија и Франција да не може да се минува ни како транзитна зона, освен за нивни државјани или за странци што работат таму. Проблем има и ракометниот тим Тулуз, кој треба да му гостува на Металург во Скопје. Чекаат посебна дозвола од Министерството за здравство на Франција за да го избегнат задолжителниот карантин од седум дена по враќањето дома од земја која не е во ЕУ.

- Оглас -

Најнови вести