-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Вардарци заминаа на тринеделни подготовки во Турција (Фото)

Есенскиот лидер Вардар од денеска ќе се подготвува во Турција. Црвено-црните под раководство на шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски, заминуваат за Сиде, каде што во наредните три седмици ќе имаат одлични услови за работа подготвувајќи се за вториот дел од сезоната во Првата МФЛ.

Вардарци утрово заминаа за Анталија, од каде што ќе продолжат за Сиде и ќе бидат сместени во еден од најлуксузните комплекси.

Планот на Вардар е во Турција да одигра неколку пријателски натпревари, а во Македонија ќе се врати непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести