По одработените подготовки во Гевгелија и Скопје, фудбалерите на Вардар заминаа во Анталија, каде што ќе престојуваат до 7-ми февруари и периодов ќе одиграат пет пријателски натпревари.
Главниот дел од зимските подготовки, стручниот штаб ќе ги искористи за воигрување на речиси комплетираната екипа, а секако и на физичката и тактичка подготвеност, на која стручниот штаб на чело со тренерот Горазд Михаилов, особено ќе обрне внимание.
На подготовките во Анталија, Вардар ќе одигра и пет пријателски натпревари, кои веќе се договорени, а низ кои ќе се брка посакуваната форма пред почетокот на втората полусезона од ПМФЛ.
Ривали на Црвено-црните ќе бидат Заглебје (Полска) на 29-ти јануари, Аркадак (Туркменистан) на 31-ви јануари, Металург Бекабег (Узбекистан) на 3-ти февруари, Кројцлингер (Швајцарија) на 5-ти и Колос (Украина) на 6-ти февруари.