Варди го памти времето во пониските лиги и дуелите со дебелите стопери

Џејми Варди има интересна кариера од настапи за нисколигашите во Англија до раст и трансфорамција во еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата со настапи и за англиската репрезентација.

Напаѓачот на Лестер освои и титула со својот тим, прва во клупската историја, а сè уште се држи одлично во елитното англиско натпреварување.

„Ги паметам и времињата кога бев отпуштен од Шефилд вензди како неталентиран фудбалер. Ми дојде сè преку глава, но ме спаси повик од пријателите да играм за клуб од аматерските лиги. Тоа беа времиња што ми ја вратија вербата и љубовта кон фудбалот. Јас бев слабичок, а стоперите беа крупни и сигурно си велеа дека нема шанси да играм против нив. Но, играв добро и давав голови за клубови што имаат топли приказни. Навивачите се лојални и има и такви што се по 40-50 години на стадион и ги бодрат малите клубови. Тоа е љубов што е непроценлива“, вели Варди.

Играше за Стоксбриџ, потоа и за Халифакс и Флитвуд таун, а во 2012 година стигна понудата од Лестер сити. Клуб што доби џекпот со ангажман на играч кој со многу љубов играше во пониските лиги во Англија, потоа стана една од ѕвездите во Премиер лигата со титула со Лестер и со 26 настапи за Гордиот Албион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести