Повратникот во премиерлигашкото друштво, тимот на Лестер, одигра 1-1 против Тотенхем на стартот од новата сезона во елитата. Џејми Варди е најзаслужен за бодот на домаќинот откако постигна израмнувачки погодок во 58-мата минута.
🏴 Leicester 1-1 Tottenham | Jaime Vardypic.twitter.com/ejyYnn18h5
— PushGoals (@PushGoals) August 19, 2024
Тотенхем поведе во првото полувреме, со голот на Педро Поро во 29-тата минута.
🏴 Leicester 0-1 Tottenham | Pedro Porropic.twitter.com/7a4snDuj5R
— PushGoals (@PushGoals) August 19, 2024
На овој меч се случи и немил настан, посериозна повреда за Бентанкур, фудбалерот на Тотенхем. Тој заработи повреда на главата по еден воздушен дуел и десетина минути му се укажуваше медицинска помош, а потоа на носила беше изнесен од теренот.