Варди не планира да се пензионира: „Нозете ми се добро, уште ќе играм фудбал“

Џејми Варди по 13 години во Лестер, на крајот од оваа сезона и дефинитивно ќе го напушти клубот. Триесет и осумгодишниот напаѓач беше дел од златната генерација на Лестер, која сензационално дојде до трофејот од Премиер лигата. Фудбалерот сè уште не открива каде ќе ја продолжи кариерата, па сè погласни се шпекулациите дека тој ќе се пензионира.

„Не се сомневам дека можам да продолжам да играм на високо ниво. Фудбалот е луд свет. Никогаш не знаете што ќе се случи. Ќе продолжам сè до оној момент кога нозете ќе ми кажат дека е доста. Во моментов нозете ми се добри“, рече Варди.

Варди во Лестер дојде во 2012 година од Флитвуд за 1,24 милиони евра и за клубот одигра 499 натпревари со ефект од 199 гола и 71 асистенција.

- Оглас -

Најнови вести