Варди влезе во историјата, но не ги доварди Лисиците во Лондон

Сите шест тима кои играа во Лондон од 15 часот во Премиерлигата дадоа гол. Петлите ја совладаа Астон Вила со 2-1, Брентфорд со истиор резутат го порази Вест Хем, додека средбата Кристал Палас – Лестер заврши нерешено 2-2, иако гостите водеа со 2-0.

Џејми Варди стана вториот фудбалер во историјата на Премиерлигата после Иан Рајт, кој постигнал 90 гола после 30-тиот роденден. Рајт имал 93 погодоци со наполнети 30 години и повеќе. Како игра ветеранот од Лестер, треба да се очекува до крајот на сезонава да го надмине легендарниот Рајт. Варди доцна дебитираше во Премиерлигата, затоа поставува ветерански рекорди.

- Оглас -

Најнови вести