Навивачката група на Будуќност од Подгорица, “Варвари“, е присутна на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид и го следи дуелот против Струга Трим Љум во рамки на квалификациите за Конференциската лига.
Тие се незадоволни од прикажаното од страна на нивните миленици, па интересен момент се случи на полувремето. Кога фудбалерите на Будуќност тргнаа кон соблекувалната, беа повикани од навивачите да застанат пред трибината.
Струга Трим Љум води со 1-0 на полувремето против Будуќност Подгорица.