По завршувањето на натпреварот Струмица Никоб – Олимпијакос од квалификациите за одбојкарската Лига на шампиони, во салата „Парк“ во Струмица имаше и мала свеченост во чест на либерото Васе Михаилов, кој стави крај на својата играчка кариера.
Михаилов имаше троцифрен број на настапи за македонската репрезентација и остави длабока трага во историјата на струмичката и македонската одбојка.