Вашата уплата ја множите со 50 само со Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари на кои се очекува да има голови се дел од Квотите на денот на Sport Life за среда. Два натпревари се од Бразил, по еден од Чешка и Германија, а еден меч е и од женската Лига на шампиони. Квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.40, а искомбинирани на еден тикет прават квота од 48.6.

Ефикасно се очекува да биде на дуелот помеѓу Варнсдорф и Лисен во чешкото првенството. Понудената квота од 2.40 ќе биде добитна ако во првото полувреме биде постигнат најмалку еден гол, но и најмалку три на целиот натпревар.

За да биде добитна квотата од 2.20 на натпреварот помеѓу Чеми Лајпциг и Енерџи Котбус, потребно е двете екипи да постигнат барем по еден гол, но и во двете полувремиња да има погодоци.

Женската фудбалска екипа на Челзи е голем фаворит против Ајакс во Лигата на шампионите. Потребно е девојките од „Стемфорд бриџ“ да имаат водство на полувремето и на крајот да победат, а на натпреварот да бидат постигнати помеѓу два и шест гола за да биде добитна квотата од 1.95.

Доколку Ботафого победи на гости со Боависта во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш понудената квота од 2.10 ќе биде добитна.

Помеѓу еден и три гола во двете полувремиња се потребни за да биде добитна квотата од 2.25 за натпреварот помеѓу Сантос и Брагантино во првенството на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести