Вашингтон визардс предводен од Кајл Кузма, кој имаше 36 поени, 11 скока и 6 асистенции, го победи Далас маверикс со 113-105, а клуч на триумфот беше квалитетната одбрана против првиот стрелец во лигата, Лука Дончиќ.
Словенецот постигна 22 поени, што е најмал поентерски учинок за него сезонава, погоди само 8 шута од 21 обид од поле, а имаше и пет загубени топки. Тајната во лошата игра на Лука е што беше чуван од играчи кои се повисоки од него, а доста подвижни. Во одбрана против Дончиќ ротираа агресивните Кузма, Авдија и Хачимура.
Далас играше втора вечер по ред, па можеби имаше и замор кај Дончиќ и Волшебниците го искористија тоа.
Најинтересниот меч се одигра во Мајами, каде што Хит по продолжение го совлада Шарлот со 117-112. Јунак на средбата беше Џими Батлер со 35 поени, од кои 26 во второто полувреме и продолжението. На Батлер му фалеа две асистенции за трипл-дабл.
Потегот на вечерта е „цепелинот“ во изведба на Тре Јанг и Џон Колинс во победата на Атланта над Филаделфија од 104-95. Погледнете каква атракција изведоа Јастребите:
Trae Young and John Collins put the finishing touches on the @ATLHawks victory with a SICK alley-oop! pic.twitter.com/oZk8d1UUS8
— NBA (@NBA) November 11, 2022