Вашингтон треба да ја искористи втората шанса за плејоф

8001 Вашингтон визардс – Индијана пејсерс (02ч)

И двете екипи заслужуваат да влезат во плејофот, можеби Индијана за нијасна повеќе бидејќи ја доби плејин пресметката против Шарлот. Сепак, со играчи како Бил и Вестбрук, Вашингтон е тој кој треба да се најде во серијата против Филаделфија од првата рунда во разигрувањата на Истокот.

Волшебниците во регуларниот дел од сезоната ги добија сите три дуели против Индијана, од кои две беа на домашен терен, па затоа им се дава предност во мечот да се биде или не. Сепак, треба да се знае дека Пејсерси имаа најдобар учинок на Истокот кога во прашање се гостинските натпревари, со 21 победа и 15 порази го заврши регуларниот дел.

Предлог тип: 1 (1.71)

 

8201 Тампа беј лајтнинг – Флорида пантерс (00:30ч)

Шампионот цели на метла против Пантерите откако ги добија првите два меча на гости. Сега пред своја публика Грмотевиците ќе удрат силно на мразот, а може да се очекува и поубедив триумф од претходните две кои завршија со 5-4 и 3-1.

Во регуларниот дел од сезоната, двете екипи си поделија по четири победи, но кога во прашање е плејофот, тука Тампа има поголеми амбиции и квалитет да стигне далеку и да се обиде да ја одбрани титулата.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

8449 Њујорк ајлендеррс – Питсбург пингвинс (01ч)

Уште од почетокот беше јасно дека оваа серија ќе биде неизвесна, па Њујорк и Питсбург ги оправдаа најавите со по една победа по првите два меча кои се играа на домашниот терен на Пингвините.

Њујорк загуби два од четирите меча како домаќин против Питсбург сезонава, во кои победникот се одлучуваше по продолженија во ефикасни мечеви. И сега има шанси двете екипи да се распукаат.

Предлог тип: >5,50 голови (2.10)

 

8462 Торонто мејпл лифс – Монтреал канадиенс (01:30ч)

Цела сезона Торонто и Монтреал честеа со возбудливи и ефикасни меѓусебни дуели, па зошто да не биде така и на стартот на нивната серија и во разигрувањата?

Само еден од вкупно осум меча заврши со помалку од пет гола, па ако се потпрат на своите напаѓачки квалитети, ќе биде тоа добар старт на оваа рунда.

Влегувањето во првиот дуел со лоша форма ќе биде голем предизвик за Монтреал, но и Торонто не е нешто посебно разигран во пресрет на клучниот дел од сезоната.

Предлог тип: >5,50 голови (1.85)

 

8450 Минесота вајлд – Вегас голден најтс (03:30ч)

Дивите изненадија во првиот меч со победнички гол во продолженијата, за веќе во следната средба Витезите се реваншираа со сигурни 3-1. Гостите сега планираат исто така да ја расипат забавата во оваа серија која се сели во Минесота, а воедно не треба да се очекува посебно ефикасен меч бидејќи двете екипи се потпираат на одбраната.

Во текот на регуларниот дел, Вегас само еднаш се радуваше на триумф на гости кај Минесота, што уште повеќе го зајакнува предизвикот пред оваа средба.

Предлог тип: <5,50 голови (1.70)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести