Васко да Гама со серија твитови го провоцираше Фламенго за поразот од Ал-Хилал (Фото)

Навивачите на Васко да Гама вечерва мирно спијат и имаат две причини за тоа. Тимот од Рио де Жанеиро победи против Нова Игуасу со 2-0, а малку порано, нивниот смртен спортски непријател Фламенго загуби во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Поразот на Фламенго од Ал-Хилал беше причина на твитер-профилот на Васко да пишуваат и со арапски букви, а некои фанови облечени како Арапи му се заблагодаруваа на Ал-Хилал.

Фламенго е четврти бразилски тим, а вкупно шести од Јужна Америка кој испаднал во полуфинале на светско клупско. Интересно е што ако Реал Мадрид се пласира во финалето, по трети пат од последните четири финалиња би имал ривал кој не е од Јужна Америка, туку од друг континент.

Поразот на Фламенго е предупредување и за Реал пред дуелот со Ал-Ахли.

- Оглас -

Најнови вести