Младинскиот репрезентативец до 21 година, голманот Васко Василев, си замина од Работнички и во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Струга Трим Лум. Денеска официјално се раздели со клубот од Дебар Маало и веднаш потпиша за новиот тим.
Василев беше прв избор на голот на Работнички во првиот дел од сезоната, но тој и соиграчите не успеаја да стигнат до посакуваните резултати.
Додека Романтичарите ќе се борат за опстанок во елитата, неговиот нов клуб Струга ТЛ ќе има амбиции за титулата, со директните конкуренти Вардар и Шкендија.

