Васоски: Босанската лига е посилна од македонската, но терените и инфраструктурата се полоши

Македонскиот стратег Александар Васоски веќе одреден период е предводник на Сараево, а тој денеска се појави на прес-конференција по повод претстојниот натпревар со Пошуље.

Васоски за тамошните медиуми даде една навистина интересна изјава во којашто ги спореди терените, но и квалитетот на лигата во Македонија и во Босна и Херцеговина.

„Овдешната лига е многу посилна и поквалитетна од таа во Македонија, но терените и инфраструктурата овде се полоши од таму. Овде сите го имаат тој проблем со терените, а тоа е една од најосновните работи и нам ни е во интерес терените да бидат во добра состојба“, кажа Васоски на излегувањето пред новинарите.

По 22 одиграни натпревари, Сараево е на четвртото место со 32 освоени бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести