Васоски: Честитка за есенската титула до сите вработени во Вардар

Тренерот на фудбалскиот куб Вардар, Александар Васоски, после победата на неговиот тим во Струмица и освоената есенска титула, јавно им се заблагодари на многумина, но потсети дека не треба да се биде еуфоричен, бидејќи веќе во следното коло имаат сериозен предизвик, дуел со актуелниот првак Шкендија, која заостанува осум бода.

„Сакам од срце да ја честитам есенската титула на сите оние кои се дел од ФК Вардар: управата, стручниот штаб, нашиот сопственик, и сте вработени во клубот. Секако најголемата честитка за играчите и за нашиот 11-ти играч, Комитите. Ние се радуваме, ама не сме еуфорични, затоа што в недела не чека меч со Шкендија. Напред Вардар!“ – напиша Васоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести