Васоски и Хаџиевски едногласни: “Се вративме да помогнеме на клубот кој ни е во срцето“

Фудбалскиот клуб Вардар на официјална прес-конференција ги претстави новиот Шеф на стручен штаб и Спортски директор. Екипата од клупата ќе ја предводи Александар Васоски, додека за спортскиот дел ќе биде задолжен Ѓоко Хаџиевски.

Двајцата беа едногласни дека се тука да му помогнат на Вардар кога му е најтешко.

– “Огромна чест и задоволство што се вратив во клубот кој ми дал многу во кариерата и чувствував морална одговорност да помогнам сега кога е тешко. За жал не победивме против Силекс, но видов дека има подобрување во играта. По три порази успеавме да освоиме еден бод и во следниот период ќе се обидеме да напредуваме од меч во меч.“ – рече новиот Шеф на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.

Најтрофејниот тренер во историјата на Вардар, Ѓоко Хаџиевски, се враќа во клубот после тренерските ангажмани на Арапскиот полуостров и најави дека во Вардар ќе работи волонтерски.

– “Јас доаѓам во Вардар од љубов кон клубот. Иако во целата моја кариера која е повеќе од 35 години, сум бил на чело на повеќе од 10 клуба во многу земји, ако треба да помислам кое е моето место каде би се вратил тоа секако е клупата на Вардар. Мојата функција е волонтерска и сакам да помогнам на клубот со целото мое срце во секој поглед. Кога сите кренаа раце од Вардар, Комитите покажаа дека тие искрено го сакаат Вардар и го спасуваат македонскиот бренд.“ – рече Ѓоко Хаџиевски, новиот Спортски директор на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести