Васоски ќе биде новиот тренер на Вардар

Најтрофејниот фудбалски колектив Вардар бурно ја започна новата сезона, во која се врати во Првата лига, остана без спортскиот директор, тренерот и уште двајца членови на управниот одбор, но експресно најде наследник на Бобан Грнчаров.
Нов тренер на Вардар ќе биде Александар Васоски.

Управата на клубот и Васоски најдоа заеднички јазик и наскоро се очекува и официјално да биде промовиран во нов стратег на Црвено-црните.

Васоски има искуство од водење на Вардар, тој од 2018 до 2020 година седеше на клупата на Црвено-црните, а ги има водено екипите и на Академија Пандев во два наврати и на Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести