1802 Волфбсург – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)
Волфсбург очигледно не може да го издржи темпото со паралелни настапи во Бундеслигата и во Лигата на шампионите што се потврдува со серијата од 7 меча без победа.
Најмногу им фали Холанѓанецот Вут Вегхорст, кој лани даде 20 гола и беше четврти најдобар стрелец во Бундеслигата. Тој беше и еден од главните фактори за пласманот на четвртата позиција што на Волците им донесе настап во Лигата на шампионите.
Покрај него ќе недостасуваат и Валдшмит, Шлагер и Герхарт што е голем хендикеп, заедно со заморот на играчите на Волфсбург.
Фрајбург игра одлично во новата сезона и е единствената екипа што нема пораз по 8 кола. Ќе им недостасува напаѓачот Роланд Салаи, но ми се чини дека и без него можат да останат непоразени на „Фолксваген арена“.
Предлог тип: Х (3.35)
1803 Баерн Минхен – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)
Баерн брзо се врати по сензационалниот пораз од Ајнтрахт на домашен терен и постојано потврдува дека е една од најсилните екипи на светот.
По пораз што не е наивен, веднаш постигнаа 9 гола на два меча и ги декласираа Баер Леверкузен и Бенфика. Најтрофејната екипа во Германија игра и дава голови со невидена леснотија, па не верувам дека од полна мрежа ќе куртули и Хофенхајм.
Во последно време во Минхен, Баерн и Хофенхајм играат одлични и мнгу ефикасни натпревари, имаше и седмици, па некако тука и се подразбира да има многу погодоци и денеска.
Лани, Хофенхајм го изненади Баерн на домашен терен со победа од 4:1, но Баварците вратија со ист резултат, па и сега очекувам да биде ефикасно и да победи фаворитот со предност и на полувреме и со најмалку 3 гола на мечот.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.00)
1804 Лајпциг – Гројтер фурт (Сабота, 15.30 часот)
Лајпциг одигра добар меч во Париз, но не успеа да ја задржи предноста од 2:1 и поразот од 3:2 против ПСЖ веројатно ќе значи и крај на надежите за настап во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Тоа ќе им донесе и мал бенефит, да се сконцентрираат само на Бундеслигата, каде не стојат добро и се деветти на табелата.
Биковите имаат и многу проблеми со повредите, а и денеска ќе играат без неколку значајни фудбалери од калибарот на Олмо, Клостерман, Хајдара, Халстенберг…, Но, немаат избор освен со убедлива победа против фенерџијата да тргнат кон горниот дел на табелата.
Гројтер фурт тешко се справува со ривалите во силната Бундеслига, има само едно реми и 7 порази, па се освен убедлив триумф на домашниот тим ќе биде огромна сезнација.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.96)
1604 Арминија – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)
Борусија одигра многу слаб меч со Ајакс и поразот од 4:0 е тежок, а уште полошо е што пак се повреди Ерлинг Халанд.
Без него тешко му оди на тимот, но денеска мора да се освојат бодовите за да се остане во трката со Баерн, но и со останатите кандидати за титулата.
Арминија со Гројтер фурт се единствените две екипи без победа во првенството, а тешко дека ќе успеат да ја изненадат Борусија.
Тимот од Дортмунд нема пораз од денешниот ривал на последните шест меча, на четири по ред и не прими гол и е голем фаворит за нов триумф на „Шуко арена“ во Билефелд.
Предлог тип: 2&3+ (2.45) Супер тип на Sport LIfe
1806 Херта – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 18.30 часот)
Херта е чуден тим сезонава и губи кога не се очекува, а победуваше кога беше аутсајдер, па и билансот без нерешен резултат, со 3 победи и пет порази е интересен.
Имаат солиден тим, но не верувам дека можат повеќе од пласман во златната средина. Борусија Менхенгладбах е поквалитетен состав со повеќе репрезентативци од различни земји и според мене може да ги освои бодовите во Берлин.
На последните три гостувања кај Херта, тимот од Менхенгладбах не загуби, па очекувам и денеска да биде така, со триумф против домашниот тим.
Предлог тип: 2 (2.06)