Васоски нов тренер на Сараево?

Актуелниот тренер на Академија Пандев, Александар Васоски, е фаворит за преземање на кормилото во Сараево, клубот чиј капитен е Крсте Велкоски. Ова го тврдат босански медиуми.

Поранешниот македонски репрезентативец во следните денови би требало да отпатува во главниот град на Босна и Херцеговина, на завршни преговори. Сараево на 10 јануари треба да почне со подготовки за вториот дел од сезоната.

Сараево е петкратен првак на БиХ, а двапати беше првак и на поранешна Југославија. Васоски во струмичкиот тим работи од декември 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести