Васоски промовиран во Сараево и веднаш најави атак на трофеј

Доскорешниот тренер на Академија Пандев, Александар Васоски денеска и официјално беше промовиран за нов тренер на екипата на Сараево во Босна и Херцеговина. Васоски верува во успех и очекува уште во првата сезона да освои трофеј со новиот клуб.

„Чест и задоволство им е што дојдов тука, а од друга страна голема одговорност е да се биде дел од голме клуб како Сараево. Прва цел оваа сезона е да се избориме за излез во Европа и освојување на Купот. На долги патеки да се обидеме младите играчи од Академијата да ги внесеме во првиот тим, а зошто да не потоа да станат и репрезентативци на БиХ. Сакам да играме атрактивен фудбал, но тоа треба да биде вреднувано со успех“, рече Васоски на промоцијата.

- Оглас -

Најнови вести