Васоски очекува неговите Орли денеска да летнат кон Лигата на шампионите

1802 Аугсбург – Арминија Билефелд (Сабота, 15.30 часот)

Аугсбург според мене е поквалитетен тим од Арминија Билефелд и очекувам со нова победа да го продолжи стопроцентниот учинок во меѓусебните дуели.

Арминија никогаш не го победила денешниот ривал и има пет порази од Аугсбург, еден од нив во Бундеслигата и тоа во првиот дел од оваа сезона и четири во Втората лига.

Аугбсург не им лежи како противник,а според мене има и подбар состав и типувам дека домаќините ќе забележат победа вредна за опстанок во Бундеслигата.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

1803 Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Настапите во Лигата на шампионите си го земаа данокот кај Борусија и сигурно нема повторно да се изборат за учество во елитната европска лига, па можеби ниту во Европа Лигата.

Денеска ќе имаат тешка задача против ривал што има само еден бундеслигашки пораз во 2021 година. Ајнтрахт игра феноменално и е на прагот да се избори за настап во Лигата на шампионите.

Очекувам од мојот поранешен тим да не загуби на „Борусија парк“, мислам дека ќе биде нерешено, што ќе биде значаен чекор за Ајнтрахт кон подвиг и настап во ЛШ што не се очекуваше од нив пред стартот на сезоната.

Предлог тип: Х (3.80)

 

1804 Фрајбург – Шалке 04 (Сабота 15.30 часот)

Шалке 04 конечно победи минатиот викенд по долго време во Бундеслигата, но веќе е предоцна за некакво чудо и опстанок. Имаат 13 бода минус на шест кола до крајот што е ненадоместлива негатива.

Фрајбург ќе има мотиви да бие битка за бодовите, бидејќи се уште може да се приклучи на битката за место во Европа Лигата.

Имаат поквалитетен тим од Шалке 04, гостите можат да играат растоварено, бидејќи веќе се второлигаши, па може да се очекуваат доста голови на „Шварцвалд’ арена.

Предлог тип: 4+ (3.15)

 

1805 Унион Берлин – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Унион Берлин ги поби сите теории дека втората сезона е проблематична за новите екипи во елитните фудбалски лиги и игра уште подобро од ланската сезона кога дебитираше во Бундеслигата.

И против Баерн во минатото коло покажаа дека знаат што сакаат и дека имаат квалитет дури и да се изборат за првите шест позиции што водат во Европа.

Ако го победат Штутгарт ќе останат на седмото место и ќе чекаат кикс на конкурентите за да приредат голем подвиг. И Штутгарт има добра сезона во кам-бекот во Бундеслигата и со бод помалку од Унион и тие се надеваат на успешен крај на првенството со обезбеден пласман во Европа Лигата.

Според мене тимот од Берлин е поквалитетен, тактички одлично воден од Урс Фишер и ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

1806 Волфсбург – Баерн (Сабота, 15.30 часот)

По киксот вчера на Лајпциг, Баерн Минхе е уште поблиску до нова титула во Бундеслигата. Испаднаа од Лигата на шампионите и сега можат максимално да се посветат на финишот на сезоната во домашното првенство.

Отсуството на Роберт Левандовски се покажува како преголем хендикеп за шампионот, но очекувам да се консолидираат и со играчите што ги имаат на располгање да ја одбранат титулата во Германија.

Волфбург е една од екипите што е хит во Бундеслигата, играат одличен фудбал и заслужено се трети со големи шанси да играат во Лигата на шампионите.

Двете екипи имаат одлични офанзивци, без разлика што нема да игра Левандовски, а и традицијата вели дека на 7 од последните 8 меча имало најмалку по три гола.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести