Васоски верува во својот тим: Ајнтрахт е чиста единица

1802 Гројтер фурт – Бохум (Сабота, 15.30 часот)

Двата нови бундеслигаши тешко се снаоѓаат во елитата и се на двете последни места. Гројтер фурт сега има шанса за прва победа во обид да го стаса Бохум, но мене за нијанса подобар впечаток во првите 7 кола ми остави гостинската екипа.

И двете екипи тешко даваат голови, а примија најмногу досега во Бундеслигата по Херта.

Гројтер и Бохум добро се познаваат од дуелите во Втората лига и очекувам неизвесен и тежок меч што според мене ќе заврши без победник.

Предлог тип: Х (3.30)

 

1803 Борусија Дортмунд – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Кај Борусија се чувствува отсуството на Ерлинг Халанд и фалат неговите голови, па без него Милионерите загубија од Борусија Менхенгладбах и со многу мака го победија Аугсбург.

Сигурно ќе фалат уште неколку играчи кај домашниот тим, а мора да се победи Мајнц, екипа што лани ремизираше на Вестфален и освои бод со реми 1:1.

Гостите сигурно гледаат шанса за ново изненадување, но овојпат не верувам дека ќе успеат и покрај големите кадровски проблеми што ги има Борусија.

Тимот од Дортмунд има добри алтернативи и млад и полетен тим, па очекувам да победат во меч со најмалкиу три гола.

Предлог тип: 1&3+ (1.91)

 

1804 Унион Берлин – Волсфбург (Сабота, 15.30 часот)

И двете екипи имаат европски мечеви, па би било идеално да патуваат на гостувањата во Австрија и Холандија со победа.

Унион Берлин успешно го прегрме искушението со настапи во Бундеслигата и игра одлично во континуитет. И денеска не е е без шанси против Волфсбург, а победа би одлична најава за мечот против Феенорд во Ротердам.

Волфбсург нема победа на пет меча по ред. Волците како да паднаа со формата, а ги чека и неизвесно гостување и меч со Салцбург во Лигата на шампионите.

Иако досега играа ефикасни натпревари меѓусебе, денеска очекувам тврд меч во Берлин со најмногу два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.75)

 

1805 Фрајбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Сензационално делува податокот дека Фрајбург е единствената непоразена екипа по 7 кола во Бундеслигата, но според игрите заслужено се без неуспех и на одличното четврто место со само еден бод помалку од водечкиот тандем Баерн и Баер.

Лајпциг со две победи по ред се врати во ритам, но денеска ќе има проблем ако не им игра најдобриот стрелец Нкунку, кој е повреден. Можно е да го чуваат за мечот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

И двете екипи играат напаѓачки фудбал, и иако имаат добри одбрани очекувам најмалку 3+ на новиот стадион на Фрајбург.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

1806 Ајнтрахт – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт забележа огромна победа во Минхен против Баерн и игра во добра форма во континуитет, па очекувам нов триумф на мојата поранешна екипа.

Во серија се од 8 меча без пораз, а триумфот против шампионот ќе им даде крилја за нова победа. Херта има солиден тим, но не игра добро.

На екипата од Берлин некако и се повторува ланската сезона кога се бореа за опстанок, па очекувам сигурна победа на Ајнтрахт со која Орлите ќе тргнат кон горниот дел на табелата.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести