Чудо во ватерполо, Србите се одбранија дури со тројца играчи помалку и ја понижија Италија (Видео)

Машката ватерполо репрезентација на Србија го совлада актелниот светски првак Италија со 10-6 и си закажа олимписко полуфинале против силната Шпанија, од која загуби на стартот на ЛОИ во Токио.

Србите имаа феноменало прво полувреме против Аѕурите, кое го добија со 9-3, а Италијанците беа толку збунети, што во еден напад не успеаја да дадат гол и кога имаа дури тројца играчи плус во базенот. Италијанците вртеа околу голот на Србите, се мачеа да шутнат иако имаа огромна бројчана предност и на крајот не успеаја да постигнат гол.

Во другото полуфинале ќе игра Грција, и тоа против Унгарија или Хрватска.

Погледнете како изгледаше ватерполо чудото и како Србите не примија гол иако во дел од акцијата имаа тројца исклучени:

- Оглас -

Најнови вести