Познато е дека ватерполото е еден од погрубите спортови. Многу „нечисти“ работи се случуваат под вода кои судиите не можат да ги санкционираат. Во меч од руското првенство меѓу Синтез од Казан и Спартак од Волгоград се случи инцидент во кој учествуваа речиси сите ватерполисти.
Спартак имаше водство од 9:6, а Синтез, кој заостануваше четири бода зад ривалот, мораше да победи. Токму екипата на Синтез беше во напад кога еден домашен играч изнервиран зошто судијата не досудил фаул, реши сам да ја земе правдата во свои раце. Започна тепачка, во која само за неколку секунди се вмешаа сите кои беа во базенот, а потоа во водата скокнаа и резервите.