Ватерполо романтика: грузискиот голман после победата на ЕП, ја запроси девојката!

Голманот на грузиската ватерполо репрезентација, Иракли Размадзе, после победата на неговиот тим над Словачка и пласманот во осминафиналето на Европското првенство, со цвеќе дојде до неговата девојка на трибините на „Спаладум арена“ во Сплит, клекна, и со веренички прстен ја побара за жена.

Грузија во осминафиналето ќе игра против второпласираниот тим од групата Ц, во моментов тоа е Романија, но треба да се одигра и последното коло, па може да биде и Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести