Последното коло од квалификациите за Европското првенство во ватерполо донесе шокантен расплет, Турција ја победи Германија и се пласира на ЕП, кое ќе се игра во Белград.
Ова е првпат Германија да не се пласира на завршницата. Во последните 99 години, Германија само двапати (во 1947 и 1950 година) пропуштила ЕП, и тоа од политички причини.
Германија последен пат освои медал (бронза) на ЕП во 1995 година, не е во врвот во последните 30 години, но барем редовно учествуваше на континенталните првенства и затоа ова им е шок.