24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Ватфорд го претстави Славен Билиќ, навивачите очекуваат да го повтори подвигот кога последен пат беше тренер во Англија (Фото)

Славен Билиќ е нов менаџер на Ватфорд и ќе ги предводи популарните Хорнетс, или Стршни, во следните 18 месеци.

Хрватот се враќа во Англија како тренер по две години, а навивачите на Ватфорд од него очекуваат и да го повтори подвигот од 2020 година, кога успеа да го врати Вест Бромич албион во Премиер лигата.

Ватфорд лани испадна од елитното англиско натптреварување и сака брз камбек, но на почетокот на сезоната не му оди најдобро во Чемпионшип.

Моментно се на десеттото место, а лошите резултати во последните 7 кола доведоа до смена на досегашниот менаџер Роб Едвардс.

Билиќ има големо искуство и како играч и како тренер во Англија. Играше за Вест хем и за Евертон во финишот на минатиот век, а беше и тренер на Чеканите и на Вест Бромич албион во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести