Вацке: Мора да играме, во спротивно Бундеслигата ќе биде давеник без спас

Германците со нетрпение го очекуваат рестартот на сезоната, закажан за 9. мај, а и покрај критиките дека натпреварите на духови, односно без публика нема да бидат атрактивни, сепак единствена опција за клубовите е Бундеслигата да продолжи.

„Ако не играме фудбал во следните неколку месеци, Бундеслигата ќе биде давеник без можност за спас. И јас велам дека не е сеедно и исто кога се игра со публика, или без неа на трибините, но во вакви услови мора да се продолжи и заврши сезоната“, вели Ханс-Јоаким Вацке, еден од директорите на Борусија Дортмунд.

Јасно е дека една од причините е да се спасат и парите од ТВ правата за преноси на натпревари во Бундеслигата, кога веќе не може да се спаси загубата од продажба на билети.

Германските стадиони се секогаш исполнети одлично и натпреварите без присуство на навивачи ќе ги погоди сите клубови, особено Борусија Дортмунд.

Популарниот Вестфален, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна Парк“ е легендарен стадион и најголем во Германија со капацитет од околу 80 илјади места. Стана и туристичка атракција, а особено е популарен таканаречениот Жолт Ѕид на трибината со стоење што го прават фантастичните навивачи на Милионерите зад еден од головите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести