Вацлик „удри“ по Роналдо па четирипати ја вадеше топката од сопствената мрежа

Кристијано Роналдо заврши со крвав нос, а по тој момент Португалија и даде четири гола на Чешка и си запиша важни три бода.

По тој инцидент, за кој пишувавме, гостите се изнервираа и како казнена експедиција ги разочараа домашните фанови.

Диего Далот (32′, 52′), Бруно Фернандеш (45+2′) и Диего Жота (82′) ја тресеа мрежата на Томаш Вацлик. Додека, пак шанса за резултатска неизвесност пропушти Патрик Шик кој во финишот на првиот дел промаши пенал.

Со оваа победа, Португалија сега има 10 бода во групата 2, односно два повеќе од Шпанија која, пак загуби од Швајцарија и тоа на домашен терен со 1:2.

Швајцарците со тоа стигнаа до шестиот бод, додека последна е Чешка со четири.

Во последното коло, за три дена силите ќе ги одмерат Португалија и Шпанија во меч кој што ќе се одигра на „Естадио Мунисипал“ во Брага.

- Оглас -

Најнови вести