Вавринка: Ѓоковиќ се плаши од мене, особено на грен-слемите

Иако во кариерата има само шест победи на 25 меѓусебни дуели против Новак Ѓоковиќ, швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка, кој веќе една година нема одиграно официјален меч, тврди дека Србинот се плаши од дуели со него.

Вавринка има три грен-слем титули во кариерата, а во две од тие три финалиња, го победуваше Ѓоковиќ.

„Новак секогаш беше член на големата тројка, но најмногу сакав да играм против него. Неговиот стил на игра ми одговара, иако ме победувал многу пати. Знам дека се плаши од мене, најмногу кога се играат грен-слем турнири, го чувствувам тоа кога излегувам на терен. Кога е против мене, се труди да игра на највисоко можно ниво“ – порача Вавринка кој лани во март за последен пат одигра меч.

- Оглас -

Најнови вести