3.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Вавринка наздрави со пиво после својот последен натпревар на Австралијан опен (Видео)

Легендарниот швајцарски тенисер Станислас Вавринка (40), денеска загуби од Тејлор Фриц и го одигра својот последен меч во кариерата на Отвореното првенство на Австралија.

Стен кој го освои Австралијан опен пред 12 години, се прости од публиката во Мелбурн, наздравувајќи им со лименка со пиво.

Вавринка се спротивстави во првите два часа, но потоа го забави темпото и Фриц ја однесе победата. По натпреварот, Вавринка се збогува со публиката, правејќи го тоа со одлично чувство за хумор – зграпчи две пива од фрижидерот покрај теренот, ги отвори, се чукнаа и си направија „на здравје“ со директорот на турнирот, а потоа ги поздрави навивачите. 

„На здравје на сите! И ви благодарам многу!“, рече Вавринка кој на крајот на годинава се простува од активното играње тенис.

- Оглас -

Најнови вести