Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 29-26 против домаќинот Турција стартуваше на меѓународниот турнир во Анкара.
Избраничките на Кристијан Грчевски кои досега не добиваа преголема шанса на натпреварите на сениорската селекција, беа одлични и извојуваа значајна победа за зголемување на самодовербата.
Емилијана Ризоска со 10 гола беше најефикасна во македонскиот тим. Седлоска даде 5, а Беровиќ 4 погодоци.
Утре следува дуелот со Словенија, а в недела е последниот меч против Словачка.

